Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

На 14 март се отвора тунелот „Муриз“, од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час

Со отворањето на тунелот Муриз, планирано за 14 март, ќе се намали времето за патување од граничниот премин „Блато“ кај Дебар до Тирана на само еден час. Тунелот е дел од автопатот „Патот на Арбр“, кој ќе обезбеди побрза и побезбедна врска помеѓу Македонија и Албанија.

Вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика на Албанија, Белинда Балуку, објави на Фејсбук дека 14 март ќе биде денот кога тунелот Муриз ќе биде отворен за сообраќај, додека работа ќе продолжи на помошниот тунел, кој ќе биде наменет за итни случаи. Со пуштањето на овој тунел во сообраќај, целиот автопат, долг 74 километри, ќе биде функционален, што ќе го намали патувањето во споредба со претходните 180 километри.

„Патот на Арбр“ ќе стане важен коридор за поврзување на Исток и Запад, што ќе ги доближи Тирана и цела Албанија со Дебар и Македонија, и ќе биде клучен за економскиот развој и туризмот во регионот, објави албанската министерка. Овој пат ќе биде најкратката рута за поврзување на Тирана со Пешкопеја и Македонија, вклучувајќи ги Дебар, Тетово и Скопје, и ќе има важна меѓународна улога.

Тунелот Муриз е долг 3,78 километри и е составен од два дела – еден за редовен сообраќај и еден за итни случаи. Изградбата на тунелот започна во мај 2019 година, но напредокот беше забавен поради тешката геологија и лизгањето на земјиштето.

Автопатот, кој има вкупно 7 тунели и 4 мостови, беше отворен за сообраќај во ноември 2021 година. Од тогаш, фреквенцијата на патници на преминот „Блато“ значително се зголеми, со 834.345 патници во 2024 година, од кои 672.062 беа странски и 162.283 македонски државјани, што претставува зголемување од 120.086 патници во споредба со претходната година.

Зачлени се на нашиот е-билтен