Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Новинарските здруженија денеска организираат протестен марш

Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги повикаа новинарите и медиумски професионалци да земат учество во протестниот марш што денеска, петок 17 февруари, ќе започне пред Владата и ќе заврши пред Собранието.

Настанот кој се организира на денот на 77 годишнината од основањето на ЗНМ, е со цел да се изрази незадоволство од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, лошата социо-економска состојба.

Во соопштението на ЗНМ и ССНМ се наведени и барањата што ќе бидат доставени до Владата и до Собранието, како што се итно донесување на неопходните закони кои се важни за правата на новинарите и работата на медиумите и нивно доследно имплементирање, јавните функционери и политичарите да ги почитуваат новинарите и снимателите, крај на агресивниот државен пи-ар, поддршка за локалните новинари и медиуми, почитување на работничките права на новинарите и медиумските работници и безбедни услови за работа на новинарите и медиумските работници.

Протестниот марш ќе започне во 10:30 часот пред Владата на Северна Македонија.

Зачлени се на нашиот е-билтен