Со четирицикли упаднале кај воени магацини во Тетово – уапсени четворица Полјаци

Четворица полски државјани се уапсени откако биле затекнати во близина на воени магацини во Тетово, а уште три лица успеале да избегаат со четирицикли.

Според информациите на МВР, случајот бил пријавен вчера во 18:24 часот од Воената полиција на АРМ. Инцидентот се случил во местото викано „Еребино“, каде се наоѓаат воени магацини.

Повеќе лица со четирицикли ја оштетиле влезната врата на објектот, по што војниците кои биле на стража задржале четири лица.

Станува збор за четворица државјани на Полска на возраст од 36 до 55 години.

Други три лица, исто така со четирицикли, успеале да избегаат од местото.

Четворицата се уапсени поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти“ по член 350 од Кривичниот законик.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на останатите три лица, а по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?