Прилеп-Битола-Прилеп, патот на кошмарот и опасност по животот

Прилеп

Во мај оваа година, министерот за транспорт и врски Александар Николоски информираше дека изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика, сите предизвици што се појавуваат на трасата се надминуваат со добра координација на институциите и Изведувачот и очекуваме оваа автопатска делница да биде завршена почетокот од 2028 година.

Оние што добро се сеќаваат, а тоа по спецификите на работата се новинарите, се сеќаваат дека кога започнаа работите за крај на изградбата се посочуваше втората половина на 2027 година за ставање во функција на оваа автопатна делница, која една од најфреквенентите во земјата.

Фото: Рацин.мк

Но, во меѓувреме, пренасочувањето на сообраќајот по стариот пат Прилеп-Битола, кој на моменти се вкрстува со новите делници кои се во изградба, стана вистински кошмар за граѓаните и за деловните луѓе од регионот, па и од целата земја.

Фото: Рацин.мк

Граѓаните се на работ на нервите, гневни и вознемирени.

Се надевам дека после црвениот тепих политичката елита го возеше патот Битола-Прилеп. Патот кој го нема во нивните скапи пиар спотови! Патот кој одзеде десетици животи за кратко време. Патот на кој нема работници повеќе од една година. Патот кој секојдневно го возат луѓе на кои не му е гајле дали победи Вмро туку се плашат дали ќе го поминат безбедно!

Ова е само дел од реакцијата на Габриела Илиевски, претседателка на Советот на Општина Битола.

Нејзината реакција како да ги обединува сите останати, бројни, реакции на граѓаните.

Фото: Рацин.мк

Свесно се уништува регионот, трагедиите ни се секојдневие, зборуваме за 40км пат, а не за одење на месечина… Имате тотална власт, цел наш буџет, во Вас е најголемата обврска да го спречите овај сообраќаен геноцид што му се случува на регионот!

Илиевска во својата реакција апелира „да се одделат средства, да се објават договори … и најбитно, да се вратат работници и механизација на терен“.

Фото: Рацин.мк

Таа ги посочува и големиот број сообраќајни несреќи и директно порачува:

Трагедиите се случуваат по ваша вина, стариот пат нема капацитет за толкав обем на возила!

Коментарите кои се надоврзуваат на објавата на Габриела Илиевскиа говорат и за другите услови на стариот пат:

Особено тешко е ноќно време кога не постои патна и друга светлечка сигнализација.

Не помала опасност се и земјоделските машини бидејќи патот го користат и земјоделците, кои најчесто својата механизација ја возат не облежени, некогаш и без потребната сигнализција, што преставува нова опасност на пат кој го поврзува Прилеп – Битола и Битола со Прилеп.

Фото: Рацин.мк

Реакциите добиваат и една друга, се чини, оправдана димензија.

Илиевска вели и Битола и Прилеп се во Македонија, што е ехо на коментарите кои велат:

Од Плетвар наваму се е заборавено. Дел во кој има индустриски, земјоделски, сточарски и многу друг потенцијал го помножија со нула. Никој не сака да инвестира во простор каде пред се нема сообраќајна инфраструктура. Срамота!

Фото: Рацин.мк

Дневно, по стариот пат за Битола, возат илијанци возила, затоа што немаат друг пат за транзитирање до овие дестинации во Пелагонискиот регион.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?