Бит-пазар расчистен од дивите тезги – одземени 500 килограми храна

Дивите тезги околу Бит-пазар беа отстранети во координирана акција на полицијата и повеќе инспекциски служби, а Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека биле одземени околу 500 килограми храна.

Акцијата била спроведена на просторот околу пазарот, каде што нелегални продавачи поставувале импровизирани тезги, особено во деновите со поголема фреквенција на купувачи.

На терен биле припадници на МВР, инспектори на АХВ, комунални инспектори на Град Скопје и Државниот пазарен инспекторат.

Од АХВ информирале дека биле отстранети дивите тезги, од кои најголем дел биле со овошје и зеленчук, како и дел од опремата за продажба поставена на пешачките и велосипедските патеки.

Агенцијата најави и прекршочни мерки за затекнатите продавачи, во координација со останатите инспекциски служби.

За време на акцијата имало засилено полициско присуство долж булеварот „Крсте Петков Мисирков“, што предизвикало отежнат сообраќај и метеж во околината.

На импровизираните тезги, покрај овошје и зеленчук, се продавале и облека и други производи, а дел од стоката била поставена и во близина на автобуските постојки.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?