Претрес во Тетово, кај 20-годишници пронајдени поголеми пакувања марихуана

ВИ генерирана фотографија

Двајца 20-годишници се приведени во Тетово под сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово на 24 септември ги лишиле од слобода С.И. од тетовското село Лисец и Р.Џ. од Тетово.

По судска наредба бил извршен претрес во домот и помошните простории на Р.Џ. При претресот полицијата пронашла и одзела три поголеми пакувања и една најлонска кеса со марихуана.

Од МВР засега не соопштуваат колкава количина марихуана била пронајдена, ниту дополнителни детали за случајот.

Двајцата 20-годишници биле задржани во полициска станица. По целосното документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?