СДСМ нема да ги поддржи интереплациите на ДУИ, велат не се потребни нови етнички поделби

На новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролката на СДСМ, денеска рече дека партијата нема да ги поддржи интереплациите на ДУИ за кои во петок треба да расправа Собранието.

„Не се потребни нови етнички поделби“, е ставот на СДСМ за ова прашање.

Кузеска истакна дека тоа е одлука на Извршниот одбор на партијата.

„нема да ги поддржиме и нема да гласаме за интерпелациите што се поднесени од ДУИ. Не се потребни нови поделби по етничка основа, за поднесување на интерпелација потребно е да се видат критериумите и секако сите оние аргументи коишто се поврзани со лошото работење на некој министер за да може да бидат тие поднесени и да бидат поддржани, а не по етничка линија. Пратеничката група на координација ќе го усогласи настапот на седницата“, соопшти Кузеска.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?