Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Што го врти светот“ со Катерина и Тошо од Адева: Од Охрид водиме компанија регистрирана во САД којашто работи со таленти во 40 земји во светот

Во најновата епизода од поткастот „Што го врти светот“ гостуваа Катерина Трајчевска и Тошо Трајанов, парот кој ја создаде Адева. Компанијата има седиште во Америка, а работи со таленти од над 40 земји во светот. Интересно е дека сопствениците ја водат компанијата од Охрид. Тие ја основале фирмата на само 24 години, а денеска заеднички водат милионски бизнис и семејство.

Годинава и нивната компанија како и многу други силни компании во Америка ја започнаа со шок. Пропадна Банката на Силиконската Долина, каде најголем дел од бизнисите во Силиконската долина, но и многу инвестициски фоднови имаа свои сметки. Средствата на Адева биле токму во оваа банка, тие раскажуваат за тоа како се организирале при ваков шок, со оглед на тоа дека во текот на следната недела требало да исплатат над 1 милион долари во над 40 земји.

Тошо и Катерина зборуваа и за „придобивките“ од носењето на работата дома, кога сте бизнис партнери со животниот партнер. Со оглед на тоа што од Охрид водат компанија во Америка, логично беше да се отвори и темата за работење од странство. Интересни се ставовите за тоа во која насока Вештачката интелегенција ќе го движи светот и дали можеби ќе донесе до промена на економијата која ја знаеме.

Целосната епизода на „Што го врти светот“ со Јована, произведена од ЗМАИ, можете да ја погледнете на линкот:

Зачлени се на нашиот е-билтен