По налог на Уставниот суд, Собранието ги промени платите на функционерите

Парламентарната Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска усвои предлог-одлука со која се зголемија коефициентите за пресметка на платите на претседателот на државата, пратениците и сите функционери што ги именува законодавниот дом. Овој потег доаѓа како директно усогласување по пресудата на Уставниот суд со која претходно беше укината фиксната основица.

Со предлог-одлуката се предлагаат измени во членот 1 од одлуката за определување на коефициенти за утврдување на плата.

„Во точка 5: „Претседател на Уставниот суд на Република Македонија“, коефициентот 2,81 се заменува со коефициент 3,08. Во точка 16: „Судија на Уставен суд на Република Македонија“, коефициентот 2,60 се заменува со коефициент 2,85“, појасни Сајкоски.

Претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, Ѓорѓија Сајкоски, нагласи дека собраниското тело постапувало исклучиво по правните напатствија од највисоката судска инстанца за да нема правен вакуум.

„Комисијата за избори и именувања постапи по одлуката на Уставниот суд онака како што беше донесена“, истакна Сајкоски во своето обраќање пред членовите на комисијата.

Промената на коефициентите целосно ги опфаќа шефот на државата, претседателот на парламентот, премиерот, пратениците и раководните структури во независните регулаторни агенции и државни комисии. По добивањето на согласноста од матичното работно тело, предлог-одлуката оди на пленарна седница каде пратениците ќе треба со гласање конечно да ги потврдат промените.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?