Спречено ширење на пожар кај СЦ Борис Трајковски, полициски службеници завршија на токсикологија

спречено ширење на пожар

Денеска (30.08.2025) околу 16:00 часот во непосредна близина на спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје настана пожар, при што и покрај неповолните временски услови, од страна на полициски службеници ангажирани за физичко обезбедување на меѓународниот ракометен турнир заедно со екипа од противпожарна заштита, преземени се мерки и активности со цел спречување на ширење на истиот и зафаќање на моторни возила и објекти како и лизгалиштето што е во склоп на спортскиот центар, известија вечерва од Министерството за внатрешни работи.

Исто така безбедно е направена евакуација на учесниците на турнирот и сите други спортски работници и публика.

Како последица на настанатиот пожар девет полициски службеници се на кислородна поддршка на Одделот за токсикологија поради вдишување на чад и се во стабилна состојба.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?