Ученик од ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп паднал преку прозорец од третиот кат, се здобил со тешки повреди

Немил настан се случил вчера кога во ООУ “Гоце Делчев“ – Прилеп од прозорецот од училишната зграда паднал или скокнал шесттоодделенец.

По падот од прозорецот од третиот кат од училиштето, ученикот се здобил со тешко телесни повреди и веднаш бил пренесен во прилепската болница “Борка Талески”. Лекарите констатирале скршеници на коската од петицата, како и скршеници на пршлените, па поради сериозноста на повредите, ученикот итно е префрлено на клиниката во Скопје.

„Состојбата на детето е стабилна и детето е надвор од животна опасност“ вели за Канал 5 директорот на детска хирургија Лазар Јовчевски.

Од првичните информации се претпоставува дека овој настан е поврзан со предизвик на социјалните мрежи каде тинејџерите преку дадени задачи си ги „одмеруваат силите“ на многу опасен начин.

Зачлени се на нашиот е-билтен