Утрово посебен сообраќаен режим во Скопје поради маратонот

Дел од улиците и булеварите во Скопје утрово ќе бидат затворени за сообраќај поради одржувањето на 22. Виз Ер Скопски маратон. Посебниот режим ќе важи од 6 до 14 часот, а возилата ќе се пренасочуваат по алтернативни правци.

Затворен ќе биде потегот од Рекорд, преку улиците „Македонија“ и „Димитрие Чуповски“, булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Васил Чакаларов“ до Хром.

Сообраќајни ограничувања ќе има и на дел од улицата „11 Октомври“, од Собранието кон Црвен крст, како и на делови од булеварите „Крушевска Република“ и „Трета македонска бригада“ до реонот кај Американ колеџ.

Во Аеродром, посебниот режим ќе ги опфати сообраќајниците кон Воен базен и Мајчин дом, како и булеварот „Јане Сандански“ до раскрсницата со булеварот „Србија“.

Пренасочувањето ќе се менува во зависност од движењето на тркачите, поради што возачите се повикуваат навреме да изберат алтернативни правци и да ги почитуваат насоките на полицијата.

На годинашното издание на Скопскиот маратон се пријавени повеќе од 15.000 учесници од 63 земји.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?