Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Внимание: Наместо школски прибор треба да се замрзне цената на храната

„Трн.мк“ денес објави дел од анкетата „Внимание, внимание“, а на видеото може да се чујат граѓаните како одговараат дека наместо да се замрзнува цената на моливите, боиците и школскиот прибор владата треба да размислува за замрзнување на цената на храната за јадење, нешто што повеќе го користат децата.

Други коментираат дека ваквото замрзнување на цените е шега за мали деца и иронично одговараат тоа тоа им е најпотребно во моментов.

Една испитаничка исто така одговори дека квалитетното образование е поважно од замрзнатите цени на моливите.

„Владата треба да се фокусира на тоа што пишува во учебниците и децата да добијат квалитетно образование“ вели една испитаничка на анкетата.

Порталот „Трн.мк“ денес објави дел од анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, која се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“. ‎

Зачлени се на нашиот е-билтен