Внимание, трета светска војна – ќе бегаме или ќе се криеме?

Во најновата анкета на „Внимание“ ги прашавме граѓаните: „Ако дојде крајот на светот, ќе бегаме или ќе се криеме?“

Еве дел од одговорите:

„Мислам дека нема да имаме избор.“
„Немам план, кога ќе дојде, ќе му ја мислиме.“
„Ваљда ќе се скриеме, ама и да се скриеме, џабе ни е.“

Граѓаните со поделени и искрени ставови одговараат и на прашањето: „Дали нѝ се спрема Трета светска војна?“

„Не знам, тешко прашање… со Трамп се може да ни се случи.“
„Не ни се спрема, безбедни сме, никој не сака да нѐ нападне – нема што да добие од нас.“
„Да, бе човек, на Фејсбук не читаш? Ленче пишуваше, 500 лајка има…“

На прашањето „Дали знаете што треба да направите ако се огласат сирени за тревога?“, повеќето признаваат дека не знаат или немаат каде да се засолнат:

„Кај нас не знам дали функционираат подземните скривници, како што имаше некогаш… Сега се се‘ печуркари направени.“
„Ние како држава за ништо не сме опремени, а за ова – ич.“

И за крај, прашањето што разбуди најмногу емоции: „Европа, Америка, Русија или Халкидики – за кого си?“

Повеќето одговорија „Европа“:

„Европа, затоа што ние сме од Европа… си го сакаме нашето.“
„Ваљда Европа… мислам дека имаат добра политика.“
„Мислам дека во моментов Европа е најнормална.“

Најчитано