Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Во случај на итна кршина чаша“ – Грешка во преводот во новите автобуси на ЈСП

Новите еко-автобуси донирани од ЕУ, по двомесечен застој конечно се вклучија во сообраќајот низ Скопје. Но, и покрај 65-те денови чекање, останала незабележана очигледна грешка во упатството за итни случаи.

Додека англискиот и албанскиот текст се точни, македонската верзија е збунувачка: „Во случај на итна кршина чаша“ – очигледен пример на лош автоматски превод, веројатно од алатка како „Гугл транслејт“.

Иако автобусите се произведени во Турција, ваквите преводи укажуваат на недостаток на основна контрола пред нивното пуштање во употреба.

Зачлени се на нашиот е-билтен