МВР информира дека во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници уапсиле 15 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, 10 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, од кои тројца малолетници, две лица управувале возило под дејство на алкохол, едно лице управувало возило со активна забрана и две лица возеле без возачка дозвола и под дејство на алкохол.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Министерството за внатрешни работи апелира сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат моторно возило без возачка дозвола, доколку имаат изречена мерка за забрана за управување, ниту под дејство на алкохол.
