За осум часа, во Битола казнети 90 возачи на мотоцикли и електрични тротинети

МВР информира дека вчера во периодот од 16:00 до 22:00 часот на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети.

При контролата, биле констатирани биле вкупно 80 прекршоци кои ги прават моторциклистите, од кои 44 за неносење на  заштитна кацига-шлем, пет прекршоци за управување под дејство на алкохол, седум мерки за измината важност на сообраќајна дозвола, две мерки за измината важност на осигурителна полиса и 22 мерки за останати прекршоци. Додека, 10 мерки се преземени за возачите на електрични тротинети.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“ се наведува во соопштението на МВР.

Најчитано