Заборавете на смрдеата од ѓубре: Ова го прават експертите

Со доаѓањето на пролетта, дворовите повторно стануваат центар на секојдневието – кафе на сонце, дружење и повеќе време на отворено. Но, топлото време носи и еден чест проблем: непријатната миризба од кантите за отпад и појавата на муви и ларви.

Како што растат температурите, остатоците од храна побрзо се распаѓаат, а влагата и топлината во кантите создаваат идеални услови за развој на инсекти. Особено кога температурите ќе надминат околу 15 степени, мувите почнуваат да положуваат јајца, што брзо доведува до појава на ларви.

Дополнителен проблем е течноста што се собира на дното од кантата. Иако многумина се обидуваат да ја измијат со вода, тоа често има спротивен ефект – влагата дополнително го поттикнува ширењето на бактерии и миризби.

Според експертите, решението е изненадувачки едноставно: картон.

Специјалисти за одржување на канти препорачуваат на дното да се постави слој од картон или стар весник. Овој материјал ја впива влагата и спречува создавање услови за развој на ларви и непријатни мириси.

Постапката е лесна:

-Ставете парче картон на дното на кантата
-Потоа фрлајте ги кесите со отпад како и обично
-По празнењето, картонот заменете го со нов

Картонот е подобар избор од обичен хартиен материјал бидејќи е поцврст и подолго ја задржува формата без да се распадне.

За дополнителна заштита, се препорачува:

-двојно пакување на отпадот
-истиснување на воздухот од кесите
-чување на кантата на сеновито место

Со овие едноставни чекори, можете значително да ги намалите миризбите и да го одржите дворот пријатен во текот на топлите месеци.

Зачлени се на нашиот е-билтен