ДОМ: Обновлива енергија – ДА, НЕ на плодна земја

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) преку соопштение до медиумите информира дека е категорично против уништувањето на земјоделското земјиште за профит на бизнис-интереси под превезот на „зелена енергија“.

„ДОМ отсекогаш се залагал за обновливи извори, но не на сметка на домашното производство на храна и егзистенцијата на земјоделците. Оваа одлука е погрешна и штетна! Наместо да се користат веќе деградирани површини, индустриски зони и покриви на објекти, властите легализираат уништување на плодни полиња. Ова не е зелена политика, туку кратковидно решавање на енергетската криза на сметка на иднината на земјоделството“, информираат од ДОМ.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе огрее ли сонцето во Македонија после 35 години независност?