Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

И Димитриевски и ЗНАМ застанаа контра патот на земајва кон ЕУ

Лидерот на партијата ЗНАМ, Максим Димитриевски кажа дека е на иста линија со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека се подготвени да го блокираат напредокот на земјава кон Европската Унија, нагласувајќи дека нема да прават отстапки во преговорите.

На прославата по повод една година од формирањето на ЗНАМ, Димитриевски му даде целосна поддршка на Мицкоски зборувајќи за идентитетски прашања, култура и континуитет, иако тоа не се прашања за кои се преговара во процесот на пристапување во ЕУ.

Во врска со информациите дека министерката за надворешни и европски работи на Словенија, рекла оти Словенија и Германија подготвиле нон-пејпер кој предвидува дека во претпристапниот процес на Европската унија нема можност за вето или блокада поради билатерални прашања, Димитриевски рече дека поддржува вакви и слични иницијативи кои ќе се вратат на основите на формирањето на Унијата.

Димитриевски исто така најави дека ќе претстави и Националната платформа за македонско национално единство и ќе ја понуди на сите политички партии.

„На Македонецот ваквата иницијатива ќе му овозможи да не се чувствува како граѓанин од втор ред, бидејќи македонскиот народ де факто ја создаде Македонија заедно со останатите делови од народи кои живеат на овие простори, како што во Уставот се нарекуваат етнички заедници“, рече Димитриевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен