Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ИЈЗ: Се зголемува бројот на заболени од грип

Се зголемува бројот на заболени граѓани од грип. Според информациите на Институтот за јавно здравје, регистрирани се вкупно 67 случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грипот се евидентирани од 4 до 10 ноември. (14 ноември).

Тоа е за 42,6 отсто повеќе во споредба со претходната седмица.

Од новозаболените, 42 лица биле на возраст од 15 до 64 години. Четиринаесет биле деца на возраст од пет до 14 години. Десет биле постари од 65 години, а едно лице е на возраст до четири години.

Највисока инциденца (6,5/100.000) се регистрира кај децата на возраст од пет до 14 години.

Во Куманово биле регистрирани 20, во Гостивар 19, додека 17 се во Тетово, пет во Кавадарци, три во Струмица, две во Радовиш и едно лице во Неготино.

Вкупно 262 случаи на грип и заболувања слични на грипот се регистрирани во сезоната 2024/2025.

Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита и препорачуваат вакцинација на целото население, особено на лица од таканаречените ризични групи.

Во Северна Македонија, вакцинирани биле вкупно 62.332 лица.

За вакцинација против сезонски грип досега се пријавиле над 71 илјада граѓани, што покажува голем интерес на луѓето да се заштитат од компликации. Во пунктовите за вакцинација досега се вакцинирани над 50 илјади лица, информираа од Министерството за здравство на 8 ноември.

Вакцинацијата против сезонски грип за оваа сезона почна на 21 октомври и се спроведува во Центрите за јавно здравје со нивните подрачни единици, како и во здравствените домови.

Зачлени се на нашиот е-билтен