Лагард: Финансиските пазари се стабилни, но ЕЦБ е подготвена за интервенции

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, изјави дека европските финансиски пазари функционираат уредно, и покрај зголемената нестабилност предизвикана од новите царини што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп.

На прес-конференција по состанокот на управниот одбор, Лагард рече дека ЕЦБ внимателно ги следи случувањата и е подготвена да користи „соодветни инструменти и алатки“ за да ја зачува ценовната стабилност и финансиската рамнотежа.

Изјавата доаѓа откако берзанските индекси, особено германскиот DAX, претрпеа силен удар – DAX отвори неделата со речиси 10% пад.

Зачлени се на нашиот е-билтен