Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Левица поднесе Предлог-закон за дополнување на Кривичниот закон за воведување кривична одговорност за судиите

Пратениччката група на Левица денеска до Собранието поднесе предлог-закон за дополнување на Кривичниот законик со кој предлагаме воведување на кривична одговорност за судиите.

Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ смета дека со овој предлог-закон ќе има позитивни последици кои меѓу другото ќе ја намалат судската корупција, граѓаните ќе добијат правна сигурност и ќе покажеме дека никој не е над законот. Посочи дека овој предлог-закон јавноста го чека долго време поради општата недоверба во судството.

-Предлагаме во Кривичниот законик по членот 353 в да се додаде нов наслов и нов член 353г кој гласи „кршење на законот од страна ана судии“. Кривичното законодавство на Република Македонија како континуитет на СФР Југославија со цел спречување на корупцијата и незаконското работење на сдуството се до 1996 година го криминализираше незаконското работење на судиите во судовите. Од 1996 година до денес декриминилизацијата ја доведува во прашање гарантираната заштита на граѓаните при остварувањето на своите права и слободи, како и зиложеноста на правосудните органи на корупција за кои низ изминатите години посочува и мешународната заедница. 

Нашата оценка на работата на Сдускиот совет е очигледна и затоа и ги предлагаме и овие измени. Сметаме дека нема доволна правна сигурност со овој модел во овој момент. Намерите на ВМРО-ДПМНЕ не се за поправање на ситуацијата во сдуството затоа што тие учествуваат во политичко-бизнис судските спреги кои ја имаат донесено Македонија на 2 отсто доверба во судството.

Зачлени се на нашиот е-билтен