Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Министрите на ЕУ ќе разговараат за укинување на санкциите за Сирија

Министрите за надворешни работи на Европската унија ќе се сретнат во Брисел на крајот на месецов за да разговараат за укинување на санкциите за Сирија, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас.

– Работиме на тоа со цел навистина во тоа време да бидеме во можност да донесеме одлуки дали сме во можност да го направиме тоа, им рече Калас на новинарите пред да замине за Ријад на првиот регионален состанок за Сирија.

Европската унија воведе санкции за Сирија во 2005 година и ги зголеми ограничувањата кога почна граѓанската војна во 2011 година.

Санкциите беа насочени кон владата на сирискиот претседател Башар ал Асад и државните институции.

Зачлени се на нашиот е-билтен