Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

МВР: Во сите случаи пријавите за бомби во училиштата, се лажни

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека полицијата ги завршила сите контроли и проверки по добиените дојави за поставени бомби во училиштата и констатирано е дека во сите случаи станува збор за лажни пријави.

-Припадниците на Министерството за внатрешни работи во текот на денов ги завршија сите потребни контроли и проверки по однос на мноштвото електронски дојави за наводно поставени експлозивни направи во многу основни и средни училишта во државава, при што е констатирано дека во сите случаи станува збор за лажни пријави, наведува МВР.

Министерството информира дека по пријавите со закани што утрово училиштата ги добиле по електронски пат, бил формиран и оперативен штаб и ангажирани сите надлежни и стручни полициски служби заради „ефикасно, планско и координирано делување“.

-Министерството уште еднаш апелира до граѓаните за избегнување секакви дезинформации и шпекулации по однос на оваа појава,  соопшти Министерството за внатрешни работи. 

Зачлени се на нашиот е-билтен