Во просториите на Народниот правобранител во Скопје денеска ќе биде презентиран Годишниот Извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2024 година. Извештајот ќе го презентира народниот правобранител Насер Зибери.
Зибери најави дека ќе биде отворен предмет по сопствена иницијатива во рамките на неговите овластувања во врска со трагичниот настан во Кочани.
Тој уште тогаш апелираше до сите институции максимално професионално, брзо и ефикасно да ја спроведат истрагата, со цел овој немил настан да не остане без правна завршница. Впрочем, нагласува, само темелна истрага во која ќе се утврди одговорноста на секој инволвиран во овој трагичен настан ќе претставува доказ дека правната држава функционира и дека сите кои се ставиле над законите и прописите соодветно ќе одговарааат.
Инаку Народниот правобранител и оваа година апелираше до институциите да се анимираат и го решат проблемот за околу 400 „невидливи лица“ кои имаат побарано извод по законските измени во 2021 година.