Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Шпанија издадено предупредување за силно невреме „Херминија“

Силното невреме што ќе ја зафати Шпанија од недела ќе го носи името Херминија, соопшти Националната метеоролошка агенција (АЕМЕТ).

Во соопштението се прецизира дека невремето ќе донесе обилни врнежи и многу силни налети на ветер во широки области на Пиринејскиот полуостров.

Дождовите ќе се прошират од Галиција кон северозападната половина на полуостровот, со можност за понатамошен напредок низ останатиот дел од земјата, иако не се очекуваат на бреговите на Средоземното Море или на Балеарските Острови.

Зачлени се на нашиот е-билтен