Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Демократска Црна Гора се согласува Спајиќ да биде мандатар за состав на новата црногорска влада

Партијата Демократска Црна Гора му даде согласност на претседателот на државата, Јаков Милатовиќ, да му го довери мандатот за состав на новата влада на лидерот на Движењето Европа сега (ПЕС), Милојко Спајиќ, соопшти претседателот на Демократите, Алекса Бечиќ.

По консултациите со Милатовиќ тој изјави дека тоа било одлучено на седницата на претседателството на Демократите.

Бечиќ рече дека тој и Милатовиќ имале содржаен состанок, на кој истакнале дека е неопходно Црна Гора што поскоро да добие нова законодавна и извршна власт, бидејќи претстојат многу предизвици и реформски процеси.

Треба да знаете
Moже да ве интересира