Во недела, Албанија ќе ги одржи единаесеттите парламентарни избори од укинувањето на комунистичкиот режим и воведувањето на повеќепартискиот систем. На изборите ќе учествуваат вкупно 53 политички партии и три коалиции, а премиерот Еди Рама се обидува да обезбеди четврти последователен мандат.
Според последните анкети, социјалистичката партија на Рама задржува водство пред опозициските формации, со надеж дека ќе го задржи мнозинството од 140 пратенички места во албанскиот Парламент, што би овозможило самостојно формирање на влада.
Право на глас имаат околу 3,75 милиони граѓани, распределени во 12 изборни единици. За првпат, на овие избори ќе гласа и албанската дијаспора, што се смета за значаен чекор кон поголема вклученост на Албанците во странство во политичките процеси во земјата.
Изборниот ден се следи со големо внимание, како од домашната јавност, така и од меѓународните партнери, со оглед на значењето што го имаат резултатите за понатамошниот демократски и европски пат на Албанија.