Пензионерите во Хрватска во декември добиваат 13-та пензија: 7 евра по година стаж

Пензионерите во Хрватска кон крајот на годинава ќе добијат зголемен годишен додаток, односно таканаречена 13-та пензија, што ќе изнесува седум евра за секоја полна година работен стаж. Одлуката за оваа исплата ја донесе хрватската влада, зголемувајќи го ланскиот износ од шест евра.

Со новата пресметка, хрватски пензионер со 30 години работен стаж во декември ќе добие 210 евра, додека оние со 40 години стаж ќе земат 280 евра. Просечниот износ на овој додаток се очекува да достигне 208 евра, за што од државниот буџет на Хрватска се обезбедени 260 милиони евра.

За разлика од редовните месечни примања, износот на овој додаток се утврдува исклучиво според должината на работниот стаж, односно со множење на бројот на полни години стаж со седум евра. Така, за 20 години стаж следуваат 140 евра, за 25 години 175 евра, за 35 години 245 евра, додека граѓаните со 45 години работен стаж ќе добијат 315 евра.

При пресметката се земаат предвид само целите години. За лице со остварен стаж од 32 години и осум месеци ќе бидат исплатени 224 евра, односно вредноста што одговара на 32 години.

Висината на редовната месечна пензија нема влијание врз додатокот. Двајца пензионери со ист број години стаж ќе добијат потполно еднаква сума, без оглед на тоа колкава е нивната основна месечна пензија.

Според правилата на Хрватскиот завод за пензиско осигурување, во пресметката влегуваат сите признати години врз основа на кои е утврдена пензијата, вклучително и бенефицираниот, посебниот и додадениот стаж. Кај корисниците на семејна пензија, додатокот се одредува според стажот на починатиот осигуреник.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?