Актерката Лидија Вукиќевиќ беше полеана со јогурт на скалите пред Собранието на Србија во Белград, додека влегувала на конститутивната седница. Вукиќевиќ е на пратеничката листа „Обединета Србија“, предводена од Српската напредна партија.
Во холот на Собранието таа изјави дека се чувствува лошо по инцидентот. Рече дека пред да ја полеат, ја влечеле одзади и ја тегнеле за коса. Таа обвини и дека присутните полицајци не реагирале.
„Ќе продолжам да го правам ова што го правам и да ме полеат со 30 литри јогурт“, рече Вукиќевиќ.
Пред почетокот на седницата, собраните граѓани ги поздравија кандидатите на Студентската листа, а дел од кандидатите на „Обединета Србија“ ги пречекаа со свирежи. На предвремените избори Студентската листа освои 140 од вкупно 250 мандати, а листата на Александар Вучиќ освои 103.
