Авион на Војската на Србија се урна утрово меѓу Нова и Стара Пазова, објави Н1 Србија, повикувајќи се на првични информации. Според „Блиц“, леталото паднало на нива.
На местото на несреќата се пожарникари, екипи на итната помош, полиција и воена полиција, објави новосадски „Дневник“.
Српското Министерство за одбрана засега нема објавено детали за типот на авионот, причината за падот и состојбата на екипажот.
