Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Орбан во посета на Бугарија на денот кога стапуваат американските санкции против Гаспромбанк

Румен Радев и Виктор Орбан за време на средбата од 25 мај 2024 година
Румен Радев и Виктор Орбан за време на средбата од 25 мај 2024 година

Унгарскиот премиерот Виктор Орбан на 20 декември пристигнува во кратка посета на Бугарија, потврдија за софиски „Дневник“ од унгарската амбасада.

Од соопштението на бугарското претседателството, стана јасно дека тој доаѓа на покана на Румен Радев (што не е вообичаен протокол), а официјално објавените теми се од широкото поле на билатералните односи и за „безбедносната прашања во регионот“.

Според неофицијални информации, средба ќе има и со лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, кој го нарекува „мојот пријател Орбан“.

Посетата се дозна речиси во последен момент. Тоа ќе биде на денот кога ќе стапат на сила американските санкции против Гаспромбанк, кои ќе влијаат на плаќањата за увоз на руски гас во Унгарија, вклучително и надоместоците за Бугарија за пренос преку „Турски поток“.

Зачлени се на нашиот е-билтен