Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија околу една недела била во болнца со тешка пневмонија, а сега се вратила дома, соопшти нејзината портпаролка.
Таа била хоспитализирана една недела за да ја лечи пневмонијата, но не била на интензивна нега кажа портпаролката Адријана Подеста, додавајќи дека Фон дер Лајен „била во секојдневен контакт со нејзиниот тим во Комисијата“.
„Таа сега работи од дома и продолжува да закрепнува од оваа тешка болест“, рече портпаролката.
Претходно, на 3 јануари беше соопштено дека Фон дер Лајен ги откажала сите патувања во следните две недели поради тешка пневмонија.
Портпаролката увери дека Фон дер Лајен продолжува да ги „врши своите должности“ од далечина, „во близок и секојдневен контакт со нејзиниот тим“.