Европската комисија во денеска негираше дека се обидела да ја прикрие здравствената состојба на нејзината претседателка Урсула фон дер Лајен, откако шефот на извршната власт на ЕУ беше хоспитализиран со тешка пневмонија, пишува АП.
Фон дер Лајен (66) е најпознатата политичка фигура во ЕУ. Во септември, таа го означи почетокот на нејзиниот втор петгодишен мандат како претседател на комисијата со патување во Украина, а потоа подоцна во Јужна Америка на голем трговски состанок.
На 3 јануари, комисијата соопшти дека Фон дер Лајен е болна со „тешка пневмонија“ и дека нејзините состаноци за следните две недели се откажани. Се наведува дека од нејзината агенда се откажани состаноците во Лисабон и во Полска, која штотуку го презеде ротирачкото претседателство со ЕУ.
Не беа дадени детали за нејзината состојба или како и се слоши, но германската новинска агенција ДПА подоцна објави дека таа била примена во болница што покрена прашања за транспарентноста на извршна власт на ЕУ.
На прашањето од новинарите зошто не се целосни вестите за нејзината хоспитализација, портпаролката на комисијата Пола Пињо рече: „Рековме дека претседателката има тешка пневмонија. Рековме дека се справува со тешка болес во нејзиниот дом во германскиот град Хановер“.
Пињо рече дека медиумите биле информирани дека Фон дер Лајен ги откажала своите состаноци на почетокот на јануари, но дека имала важни телефонски повици, вклучително и со италијанската премиерка Џорџија Мелони, и дека можела да извршува дел од обврските.
„Затоа ви ги дадовме критичните информации за здравствената состојба на претседателката, кажувајќи каква болест има и колку е сериозна“, рече Пињо одговарајќи на прашања од неколку новинари, без да објасни зошто се сокриени деталите од болницата. „Нејзината способност да дејствува никогаш не била доведена во прашање“.
Фон дер Лејен помина осум дена во болница, од 2 до 10 јануари. Пињо рече дека претседателката „добро закрепнува“ и требаше да се врати во Брисел во нејзината канцеларија во комисијата, каде што има мал стан, на крајот на оваа недела.
Таа следната недела треба да присуствува на седницата на Европскиот парламент во Стразбур, Франција и ќе отпатува на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.