Грузија: Протест поради законот за странски агенти, полицијата употреби водени топови

Грузиските специјални сили вечерва употребија водени топови за да ги растераат демонстрантите кои протестираат пред Парламентот во Тбилиси против усвојувањето на законот за странски агенти.

Претходно специјалците неколку пати употребија солзавец, но демонстрантите не заминаа.

аментот на Грузија вечерва го усвои предлог законот за странски агенти и покрај протестите на опозицијата.

Опозиционерите и нивните поддржувачи од утрото протестираат пред зградата на Парламентот, а сообраќајот на централната авенија е блокиран.

Пратениците во грузискиот Парламент се судрија вчера додека парламентарната комисија расправаше за контроверзниот закон за регулирање на „странските агенти“, за кој критичарите велат дека е направен според моделот на законодавството во соседна Русија.

Законот предвидува организациите кои добиваат повеќе од 20 проценти финансирање од странство ќе бидат регистрирани како „странски агенти“ и ќе подлежат на надзор на Министерството за правда.

Грузиската претседателка Саломе Зурабичвили најави дека ќе стави вето на законот, кој, според неа, ќе ги загрози надежите на Грузија за влез во Европската унија и НАТО, иако во таа земја Парламентот може да го отфрли претседателското вето.

Минатиот месец, повеќе од 60 граѓански и медиумски организации во Грузија соопштија дека нема да го почитуваат законот доколку биде усвоен.

Треба да знаете
Moже да ве интересира