Италија ги укинува граничните контроли за Шпанија воведени поради Сеута

Италија и Шпанија ги укинуваат меѓусебните гранични контроли воведени пред три месеци, со што се става крај на дипломатскиот спор предизвикан од мигрантскиот притисок во шпанската енклава Сеута. Одлуката ја соопшти италијанското Министерство за внатрешни работи.

Нарушувањето на односите започна на 31 јули, кога италијанската влада еднострано го суспендираше шенгенскиот режим на слободно движење со Шпанија. Властите во Рим тогаш наведоа дека целта на мерката е да се спречи мигрантите кои влегле во Сеута да го продолжат патот кон Италија.

Мадрид веднаш одговори со воведување реципрочни контроли. Шпанските власти потегот на Рим го оценија како неправеден, спротивен на интересите на Европската Унија и дискриминаторски кон граѓаните на Шпанија.

Договорот за нормализација на граничниот режим е постигнат по телефонски разговор меѓу министрите за внатрешни работи на двете земји. Од италијанското министерство потврдија дека е усогласено привремените контроли да не се продолжуваат по истекот на рокот.

Во официјалното соопштение од Рим се наведува дека одлуката е донесена по детална проценка на безбедносната состојба на теренот, при што двете држави се согласиле за засилена размена на информации со цел зачувување на стабилноста во шенгенскиот простор.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?