Пленарната седница на албанскиот парламент денеска беше прекината по масовна физичка пресметка меѓу пратениците од власта и опозицијата. Инцидентот ескалираше кога пратеникот на опозициската Демократска партија, Фидел Крека, физички го нападна и го турна поранешниот министер за внатрешни работи Ервин Хоџа.
Тензиите започнаа уште на самиот почеток на заседанието кога претседателот на парламентот, Нико Пелеши, ја отвори процедурата. Опозициските пратеници предводени од Фламур Нока прво ја блокираа говорницата, по што Нока му го истргна микрофонот на шефот на пратеничката група на Социјалистичката партија, Таулант Бала, и превртуваше столчиња во салата.
Amid violent protests in #Albania, opposition and ruling majority MPs physically clashed in Parliament this Thursday. #Protest https://t.co/uIHtHYi6K1
— Isa Myzyraj (@IsamyzyrajAlb) October 22, 2026
Веднаш потоа, опозициските пратеници се упатија кон крилото на парламентарното мнозинство со цел да им ги одземат картичките за гласање. Во меѓусебното туркање и хаос, Крека го удри Хоџа со картичка за гласање, по што во судирот се вклучија десетици пратеници од двата табора.
Опозицијата соопшти дека акцијата е политички отпор и побара решение за своите политички барања, додека собраниското раководство се обиде директно да премине на гласање по точките од дневниот ред пред седницата целосно да западне во блокада.

