Нетанјаху ја одложи расправата за договорот, тврди дека кризата ја предизвикал Хамас

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, ја одложи расправата за договорот за примирје со Газа поради, како што се наведува, „криза во последниот момент која ја предизвика Хамас“.

Светските лидери во меѓувреме го поздравуваат постигнатиот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и ослободувањето на заложниците, кој треба да стапи во сила в недела, но светските медиуми пренесуваат за најмалку 20 загинати во израелски воздушни напади изведени синоќа врз Појасот Газа.

Договорот кој беше постигнат преку посредување на Катар, опфаќа ослободување на 33 заробеници за шест недели, а во замена Израел би ослободил стотици палестински затвореници и би се повлекол од делови на Газа. Иранските сили во Ирак и Јемен исто така најавија дека ќе ги запрат нападите врз Израел по постигнувањето на договорот.

Меѓутоа, израелската влада најави дека расправата за договорот ќе биде одложена додека не се решат спорните точки со Хамас, особено за идентитетот на палестинските затвореници кои треба да бидат ослободени.

Катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеик Мохамед бин Абдулрахман бин Јасим ал Тани, потврди дека е постигнат договор за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас.
Американскиот претседател Џо Бајден и новоизбраниот претседател Доналд Трамп објавија дека договорот е постигнат, но Нетанјаху продолжи да инсистира дека конечниот договор не е потпишан.

Договорот кој беше постигнат преку посредување на Катар, опфаќа ослободување на 33 таоци за шест недели, а во замена Израел би ослободил стотици палестински затвореници и би се повлекол од делови на Газа. Иранските сили во Ирак и Јемен исто така најавија обуставување на нападите врз Израел по постигнувањето на договорот.

Меѓутоа, израелската влада најави дека расправата за договорот ќе биде одложена додека не се решат спорните точки со Хамас, особено за идентитетот на палестинските затвореници кои треба да бидат ослободени.

Зачлени се на нашиот е-билтен