Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нетанјаху: Не е постигнат договор

Фото: World Economic Forum / Valeriano Di Domenico/Flickr

Додека и во Израел и во Газа се прославува постигнувањето на договор за примирје и размена на заложници, од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопштија дека се уште не е постигнат договор за примрије.

Како што велат тие се уште се работи на последните детали, но дека се уште не е постигнат финалниот договор за прекин на огнот и за размена на заложниците.

Од кабинетот на Нетанјаху велат дека има уште неколку отворени клаузули што треба да се решат, но истакнаа дека се надеваат оти тие ќе бидат финализирани во следните часови.

Според светските медиумски агенции, договорот постигнат во Катар е почетна фаза од примирјето. Вкучува прекин на огнот од шест недели и постепено повлекување на израелските сили од Газа, како и ослободување на заложниците земени од Хамас во замена за палестински затвореници држени од Израел.

Договорот е постигнат по неколку месеци преговори на завојуваните страни во посредство на САД, Египет и Катар.

Од Хамас, доминантната палестинска милитантна група во Газа, изјавија за Ројтерс дека нејзината делегација им го предала на посредниците одобрението за договорот за прекин на огнот и враќањето на заложниците.

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар рече дека ја прекинува посетата на Европа и дека ќе се врати во Израел во текот на ноќта за да учествува во гласањето на безбедносниот кабинет и владата за договорот – што значи дека гласањето најверојатно ќе биде до или во четврток.

Зачлени се на нашиот е-билтен