Поради Дубаи чоколадата покапеа ф’стaците

Слатката сензација стана глобален хит, но со сериозни последици – цената на ф’стaците порасна од 7,65 на 10,30 долари по фунта (1 фунта (lb) = приближно 0,453 килограми (kg)).Тоа значи дека сега цената е 22,74 долари по килограм.

Ако некогаш сте се сомневале во моќта на еден ТикТок видеоклип, размислете повторно. Чоколадо од една слаткарница во Дубаи предизвика глобална криза со ф’стaци.

Сѐ започна во декември 2023 година, кога кратко видео од чоколадо полнето со ф’стaчова крема и хрскав кадаиф од „Fix Dessert Chocolatier“ собра над 120 милиони прегледи. Сјајната млечна чоколада со богато полнење го освои светот речиси преку ноќ. Зад оваа кулинарска иновација стои Сара Хамуда, инспирирана од желбите за необични вкусови за време на бременоста – желби кои, очигледно, станаа заразни.

Но зад таа слатка сензација се криеше проблем. Ф’стaците не се бесконечен ресурс, а оваа година приносот во САД е намален. Популарноста на чоколадата доведе до пораст на побарувачката, а со тоа и на цената – од 7,65 на дури 10,30 долари по фунта. Големи брендови како Lindt и Läderach брзаа да извадат свои верзии од хит-слатката, дополнително оптоварувајќи го пазарот. Некои продавници дури воведоа ограничување на количината за купување – како чоколадото да стана нова валута во време на криза.

Оваа приказна е и поука за современиот свет – како еден вирален тренд на социјалните мрежи може да ја наруши тенката рамнотежа меѓу земјоделството, производството и економијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен