Пуџдемон: Нема поддршка за влада на Шпанија без решение на конфликтот меѓу Каталонија и Шпанија

Поранешниот каталонски премиер Карлес Пуџдемон, од чија сепаратистичка партија Заедно за Каталонија зависи формирањето влада во Шпанија, вчера изјави дека неговата партија ќе гласа за актуелниот шпански премиер Педро Санчез само доколку има договор за решавање на „конфликтот меѓу Каталонија и Шпанија“.

Пуџдемон, кој е во егзил во Белгија од есента 2017 година, на Твитер објави дека седумте гласови на партијата Заедно за Каталонија нема да бидат условени со подобрување на неговата лична состојба. Канцеларијата на државниот обвинител на Шпанија бара негова екстрадиција за да му се суди во Мадрид за организирање на забранет референдум за Каталонија пред шест години.

Десниот блок партии доби 172, а левиот блок предводен од Санчез 171 пратеник на парламентарните избори одржани пред една недела. За да се формира влада, потребни се 176 пратеници во 350-члениот парламент до кој ниту еден блок не може да дојде. Мнозинство можат да донесат седумте пратеници на партијата Заедно за Каталонија.

– Оној кон мисли дека со притисок или директната политичка уцена ќе добие некаква тактичка предност, греши … Но, неопходно е да се преговара за условите под кои мора да се реши конфликтот меѓу Каталонија и Шпанија, напиша Пуџдемон на Твитер. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира