Рускиот патнички авион што исчезна од радарите безбедно слетал со 125 патници

авион

Никој не е повреден кога патничкиот авион „Боинг 737-800“ на пат од руското црноморско одморалиште Сочи до северниот град Архангелск извршил итно слетување, изјави извор од воздухопловните служби за ТАСС.

„Авионот слетал нормално. Според прелиминарните извештаи, нема повредени“, рече изворот.

Портпаролот на авиокомпанијата „Смартавија“ потврди за ТАСС дека нема пријавени повредени. „Во авионот имало 125 патници и пет члена на екипажот“, додаде портпаролот.

Претходно рсуките медиуми објавија дека патнички авион „Боинг 737-800“ на руската авиокомпанија „Смартавија“, кој летал на редовната линија Сочи – Архангелск, испратил сигнал за помош додека се наоѓал над Црното Море и набргу исчезнал од радарите.

Авионот полетал од Сочи, а пилотите по два часа пријавиле шифра 7700, што означува сериозен инцидент во авионот.

Седиштето на компанијата „Смартавија“ е во Архангелск, со флота од 13 авиони: два „Боинг 737-700“, девет „Боинг 737-800“ и два „Ербас А320“. Просечната старост на флотата на „Смартавија“ е 16,8 години.

Најчитано