Украина и Италија започнаа разговори за разгледување на можноста да се користат замрзнатите руски средства за купување на оружје и муниција.
Претставници на двете држави разговараа за можноста за купување на системи и муниција за противвоздушна одбрана од италијанско производство со замрзнатите средства.
За ова било разговарано на средбата меѓу украинскиот заменик-министер за одбрана Анатолиј Клочко и делегација од Агенцијата за одбранбена индустрија на италијанското Министерство за одбрана, пренесе „Европска правда“.
Нагласено е дека Клочко е запознаен со производите на италијанските одбранбени компании, како и дека се зборувало за продолжување на работата за создавање заеднички индустриски проекти.