Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Бангкок воведен бесплатен јавен превоз со цел да се намали загадувањето на воздухот

Во главниот град на Тајланд, Бангкок од денеска во следните седум дена јавниот превоз ќе биде бесплатен. Одлуката е донесена во обид да се намали високото ниво на загаденост на воздухот.

Мерката им овозможува на патниците бесплатно да користат автобуси, како и електрични возови во Бангкок. Властите се надеваат дека со бесплатниот јавен превоз ќе се намали бројот на приватни автомобили на улиците, кои со фабриките и прашината од градилиштата се клучните фактори кои влијаат врз зголемено загадување.

Според податоците на „АјКјуЕр“ ( IQAir) Бангкок денеска е 14-ти најзагаден град во светот, со квалитетот на воздухот класифициран како „нездрав за секого“. Претходно, главниот град на Тајланд беше меѓу 10-те најзагадени градови во светот.

Зачлени се на нашиот е-билтен