Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

24 август е ден во историјата запаметен по големи катастрофи

На денешен ден, на 24 август во 79 година по нашата ера, се случи катастрофалната ерупција на Везуф, вулкан во јужниот дел на Италија. Од лавината и од пепелта наполно биле затрупани градовите Помпеја и Херкуланум.

На овој ден во 1572 година, во ноќта, токму на празникот Свети Вартоломеј, во Париз и во цела Франција почнал невидениот колеж на хугенотите, оној дел од населението кој го прифатил протестантизмот. Се смета дека до септември биле убиени повеќе од 25.000 луѓе. Иницијатор на „крвавиот пир“ – „Вартоломејска ноќ“ – била Катерина Медичи, мајка на францускиот крал Шарл Деветти. Папата Гргур Осми по повод колежот во Франција дал налог да се искова медал, прогласувајќи ја одмаздата над хугентотите за „света војна на една вера“.

На 24 август во 2004 година, во Русија речиси во исто време се урнале два патнички авиона од типот „Тупољев“, едниот кај Ростов, а другиот кај Тул. Во несреќите кои ги предизвикале чеченски исламски терористи-самоубијци загинале сите 94 патници и членови на екипажите.

Во 2006 Владата на САД соопшти дека ураганот Катрин, кој ги погодил САД во август 2005 година бил најголемата природна несреќа во историјата на земјата и дека вкупната штета изнесувала 118 милијарди долари. 

На денешен ден во 2016 година, земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погодил Италија во 03:36 часот, кога повеќето луѓе спиеле. Во земјотресот биле најпогодени градовите Аматриче, Акумоли и Аркуата дел Тронто. Бројот на жртвите од земјотресот во централна Италија достигна 290. Најпогоден бил градот Аматриче, каде била потврдена смртта на 230 лица. Во Акумоли загинале 11 лица, а во Аркуата дел Тронто 49. Овој земјотрес, кој бил почувствуван дури и во Рим, на повеќе од 150 км оддалеченост, бил најсилниот во Италија по оној во 2009 година, кога 309 луѓе загинале во и околу градот Аквила. 

Најново