Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Адеми за „Фронтлајн“: Почитувањето на Охридскиот, Преспанскиот и Договортот за добрососедство – витално за европската иднина на државата!

„Почитување на трите основни договори, почнувајќи од Охридскиот рамковен договор – кој донесе мир во Република Северна Македонија, Договорот од Преспа – кој ја отвори евроатлантската и европската перспектива на земјата и почитување на договорот за добрососедство со Бугарија, се од витално значење за подобра и поперспективна иднина за Република Северна Македонија“.

Ова е констатацијата од изјавата за „Фронтлајн“ на Арбер Адеми – потпретседател на Демократската унија за интеграција (ДУИ), говорејќи за рефлектирањето на мандатарот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за употребата на уставното име на државата – „Република Северна Македонија“.

– Очекуваме и ги повикуваме сите политички чинители во Северна Македонија да се однесуваат одговорно и да ги почитуваат овие три основни договори. Нивното непочитување не носи ништо добро за државата, освен некои политички поени за политичките актери кои би оставиле впечаток во јавноста дека се откажуваат од истите. Република Северна Македонија направи значајни чекори напред, особено со овие компромиси кои обезбедија подобра иднина за земјата. Затоа и ова последно ретерирање го гледаме како повторување на политичкиот фолклор за ниски политички поени“, изјави Адеми за „Фронтлајн“.

Мандатарот Христијан Мицкоски – во поднесокот на имињата на новите министри и програмата за нова влада, во една реченица три пати го користи уставното име на државата. Четвртиот пат го става покрај своето презиме како мандатар.

Во последното свое телевизиско гостување Мицкоски изјави:

„Заклетвата како нов премиер ќе ја дадам со уставното име на државата, тоа е јасно. Во моите настапи во странство ќе го користам уставното име на државата со придавката. Не можеме да се однесуваме со двојни стандарди, не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат законите и уставот, а ние да не ги почитуваме. Но, во моите настапи дома и во давањето изјави ќе го користам името на мојата држава, а тоа е Македонија“.

На 5 јуни, Мицкоски кажа дека во говорите нема да го употребува името Северна Македонија, а сите документи и закони ќе ги потпишува со уставното име.

– Целокупната институционална комуникација која е дел од Уставот и законите ќе биде почитувана сè додека тие закони се на сила. Но, во моите изјави името ќе биде Македонија, изјави Мицкоски на 5 јуни.

Зачлени се на нашиот е-билтен