Аеродромци пријавуваат дека се дават во ѓубре

Жители на Општина Аеродром повторно алармираат за натрупано и нерасчистено ѓубре, објавувајќи фотографии од повеќе локации во Фејсбук-групата „Општина Аеродром – Пријави проблем“.

Особено загрижувачка е состојбата во Реонски центар, каде што, според објавите на граѓаните, отпадот подолго време не се собира, а околу контејнерите се забележуваат и стаорци.

„Вака изгледа Реонски центар. Градоначалникот и општинарите треба да се засрамат“, пишува во една од објавите проследена со фотографии од расфрлано ѓубре.

Жителите бараат итна реакција од Општина Аеродром и од надлежните комунални служби, предупредувајќи дека натрупаниот отпад, особено во период на високи температури, претставува сериозен здравствен и хигиенски ризик.

Најчитано