Ангелов со апел до мајсторите: Внимавајте, доволна е само една искра за пожар

Стојанче Ангелов упати апел до граѓаните, а особено до мајсторите кои во овој период работат на отворено, да бидат максимално внимателни со алати и машини што можат да предизвикаат искрење.

Во видео објавено на социјалната мрежа Фејсбук, Ангелов предупреди дека во услови на високи температури, исушена вегетација и зголемена опасност од пожари, доволна е само една искра за огнот брзо да се прошири.

Апелот особено се однесува на работи со брусилки, апарати за заварување и друга опрема што создава искри, доколку се користи во близина на сува трева, шума или друга лесно запалива вегетација.

Ангелов повика во текот на летната сезона секоја работа на отворено да се изведува со дополнително внимание и претходно обезбедување на просторот, бидејќи во актуелните временски услови и мала невнимателност може да предизвика пожар со големи последици.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ѝ верувате на водата од вашиот водовод?