Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Апасиев со тужби сака да ги замолчи основачите на Левица

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев поднел тужба против една од основачките на Левица, Џејлан Велиу, поради нејзино интервју за интернационалниот левичарски портал „Јакобин“, каде што таа објаснува како Апасиев со фалисификат стана претседател на партијата.

Велиу објави дека добила тужба од Апасиев поради тоа што ја кажала вистината и борбата на основачите на Левица со, како што вели, таканаречениот претседател.

– Методот на исплашување преку тужби веќе е испробан. Јас и моите другари, пребродивме десетина тужби и судски процеси, некои процеси сѐ уште траат, а некои сега почнуваат. Ќе издржиме уште толку, но нема да престанеме да ја кажуваме вистината и да се бориме за правда, бидејќи, на овој пат тргнавме за да победиме, а не да се повлечeме – пишува Велиу на социјалните мрежи.

Во интервјуто за „Јакобин“, Велиу рече дека Апасиев фалсификувал десеттици документи, одлуки и записници од состаноци што никогаш не биле одржани и без почитување на статут или право ја фалсификувал структурата на партијата, а тие лажни документи ги доставил во суд. Таа објаснува дека во февруари 2019 на овој начин, со лажирани оставки, четири членови, меѓу кои беше и таа, биле избркани од седумчленото претседателство на Левица.

Како што објасни Велиу во интервјуто за „Јакобин“, ваквиот однос на Апасиев следува по одбивањето на највисоките тела на Левица за претседателските избори во 2019 година да го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, нешто на што тој инсистирал.

Велиу исто така открива дека дури и пред предлогот од страна на Апасиев за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, тој имал изјави и поддржувал десничарски иницијативи, со што се дистанцирал од остатокот од партијата.

Треба да знаете
Moже да ве интересира